Шарл Леклер и Ферари потпишаа нов договор кој ќе трае до 2029 година, со кој возачот ќе стане меѓу најплатените во шампионатот на Формула 1, објавија италијанските медиуми.
Во Ферари се задоволни од Леклер и поради тоа ја продолжија соработката, а стариот договор му истекуваше идната година.
Со новиот договор Леклер доби стоотстотно зголемување на платата. Наместо досегашните 25 милиони, отсега ќе заработува 50 милиони евра по сезона.
Најдоброплатен возач во Формула 1 шампионатот е шампионот Макс Ферстапен, кој од Ред Бул добива годишна плата од 55 милиони евра.
Шарл Леклер во штотуку завршената сезона освои 206 бода и заедно со Фернандо Алонсо се најде на делба на третото место во генералниот пласман.
Челниците на Ферари сè уште размислуваат дали да го обноват договорот и со вториот возач Карлос Саинс или да тргнат по потписот на возачот на Мекларен, Ландо Норис.