Луис Хамилтон во вторите квалификации како возач на Ферари успеа да дојде до првата пол-позиција, иако само за спринт-трката за ГН на Кина, сепак неговиот клупски колега, Чарлс Леклер, не е задоволен со четвртата позиција.
„Почувствував дека не сум на потребното ниво. Од самиот старт чувствував дека сум чекор зад Луис, тој беше многу брз денес. Многу се мачев на кривините, тоа се горе-долу истите проблеми кои ги имавме и лани. Тоа е разочарувачки за мене, но освен тоа, сè друго беше многу тесно. Секако, штета што стартувам од четвртата позиција, но Луис е на пол-позицијата и се надевам дека во сабота ќе имаме добра трка заедно“, рече Леклер.