Леклер: Штета е што не ни дозволија да се тркаме барем еден круг, бев побрз од Ферстапен

Вчерашната трка за ГН на Италија на патеката во Монца заврши неславно и тоа со безбедносно возило.

На крајот на победата се радуваше Макс Ферстапен, но одлуката на ФИА да се заврши под безбеднозно возило разочара стотици илјади фанови на патеката, и милиони околу неа.

„Требаше да дозволат барем да има еден круг тркање, бидејќи ова изгледа навистина лошо. Кога беше излетувањето трката можеше да се прекине, па да се продолжи. Бев побрз од Макс со новите гуми и мислам дека ќе го претркав. Навистина штета, но ќе се обидеме во наредните трки“ изјави Леклер.

Актуелниот првак сега има 335 поени, додека возачот на Ферари заостанува навистина многу и има 219 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести