Леклер со четврта пол-позиција по ред

Возачот на Ферари Шарлс Леклер ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Русија која утре ќе се одржи во Сочи. Французинот со време од 1:31,628 минути беше најбрз во квалификациите, па заслужено ја заработи четвртата пол-позиција во низа, односно шеста во 2019 година.

Многу малку беше потребно за двата болиди на Ферари да бидат пред сите други, бидејќи Фетел заостана помалку од половина секунда зад Луис Хамилтон, па така Германецот од третата позиција ќе тргне на утрешната трка. Ферстапен е четврти, а зад него е Ботас со време од 1:32,632 минути.

Стартот на руското Гран при е предвиден за 13:10 часот.

- Оглас -

Најнови вести