Леклер верува дека Ферари може да продолжи во ист ритам како во Сингапур

Возачот на Ферари, Шарл Леклер е оптимист пред трката за Големата награда на Јапонија која се вози престојниот викенд. Леклер е задоволен од болидот што го има во моментов, а за тоа дека Ферари е во добар ритам, се покажа и со победата на Карлос Саинс на последната трка во Сингапур.

„Имам впечаток дека уште го запознавам болидот, но на добар пат сме. Верувам дека во Јапонија ќе ја продолжиме добрата низа“, вели Леклер.

Според квотите за победа во квалификациите, возачите на Ферари имаат двоцифрена квота за освојување на утрешната пол-позиција.

- Оглас -

Најнови вести