Легендарниот Флојд Мејведер уште еднаш оддржа лекција по бокс. Јапонскиот боксер, Теншин Насукава успеа да издржи само 2:10 минути во рингот, кога по трет пат беше пратен на подот, а од неговиот тренерски агол го фрлија пешкирот и ја предадоа борбата. Планирано беше борбата да трае три рунди, но едноставно Флојд беше пресилен.
Јапонецот има 20 години и е повеќе од двојно помлад од 41-годишниот Мејведер, но едноставно не можеше во ниеден момент да му парира на легендарниот боксер. На крајот од мечот, Насукава почна дури и да плаче.