Словенечкиот кошаркарски репрезентативец, Едо Муриќ, веројатно во иднина пред да даде интервју за телевизија ќе се сврти зад себе да провери дали е тука некаде Лука Дончиќ, а потоа ќе почне да зборува.
Дончиќ не само што е најдобар играч на Словенија, туку е задолжен и за правење на добра и опуштена атмосфера во националниот тим.
Додека Муриќ даваше изјава, Дончиќ му се доближи од позадина, и му истури студена вода во вратот. Изненадениот Муриќ направи гримаса, почна да вреска и стана хит на социјалните мрежи.
Словенците се подготвуваат за одбрана на европската титула, вечерва играат пријателски меч со Украина.
Инаку, на Дончиќ не му е првпат да влетува во кадар кога соиграч дава интервју, истото го направи и со Јака Блажиќ, но тогаш немаше вода.
https://twitter.com/i/status/1557972816548564992