Кавај Ленард и Пол Џорџ конечно одиграа одличен меч и заедно искомбинираа 65 поени, или речиси половина во победата на Лос Анџелес клиперс против Јута џез со 132:106.
Тимот од Ел-Еј намали на 1:2 во полуфиналната плејоф серија во Западната конференција. Ленард, кој е роден во Лос Анџелес го предводеше тимот до прв триумф против првиот носител во доигрувањето и постигна 34 поени, комбинирани со 12 скока.
Џорџ уфрли 31 поен со погодени шест тројки од 10 обиди, а Клиперс се вратија во игра по двата порази во Јута.
Донован Мичел со 30 поени беше најефикасен кај поразениот тим, а бекот на Џезерите има неверијатен просек од 37.3 поени на стартните три натпревари од оваа серија.
Победникот од оваа плејоф серија ќе игра против Феникс санс, или Денвер нагетс. Сонцата од Феникс водат со 3:0 и им треба уште една победа за финале во Западната конференција.