Ленард немаше милост кон Далас, ќе има седми меч во историската серија во НБА лигата (Видео)

Лос Анџелес клиперс се спаси од елиминација откако на гостински терен со 104:97 го победи Далас и се избори за решавачки седми меч во кој ќе влезе како фаворит, затоа што ќе игра на домашен терен во ЛА. Најзаслужен за победата на гостите е Каваи Ленард кој имаше блескава ноќ и едноставно ги уништи сите соништа на домашните фанови кои се надеваа на радост и пласман во следната фаза од плејофот.

Далас добро започна и во средината на втората четвртина стигна и до девет поени предност (39:30). Сепак, Клиперси до полувремето успеаа да ја анулираат негативата и на пауза заминаа со предност од три поени 48:45. Во третата четвртина двете екипи се менуваа во водство, а Далас влезе со четири поени плус (77:73), во пресрет на решавачките 12 минути.

Домаќините водеа 85:84, кога Клиперс направи серија од 16:5 и гостите прв пат стигнаа до двоцифрена предност (100:90) и веќе беше јасно дека ќе се радуваат на крај. Ленард погодуваше во сите клучни моменти, па на крајот заврши со 45 поени, погодувајќи 18 од 25 шута. Кај Далас стандардно најдобар беше Лука Дончиќ кој заврши со 29 поени, 11 асистенции и осум скока, но тоа не беше доволно домаќините да се радуваат.

Оваа серија меѓу Далас и Клиперс веќе е историска затоа што никогаш досега во плејофот на НБА не се случило во една серија, на првите шест меча да победуваат само гостинските екипи.

https://youtu.be/SskOC86Hrsc

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести