-10.2 C
Skopje
петок, 2 јануари 2026

Ленард со 45 поени го предводеше ЛА клиперс до шеста победа по ред, гостинска доминација во НБА

Лос Анџелес клиперс ја спасија честа на домашните екипи во НБА-лигата затоа што тие беа единствени кои се радуваа пред своите навивачи во петте дуели кои ноќеска се одиграа.

Клипер, предводени од Кавај Ленард, кој постигна 45 поени, славеа над Јута џез со 118:101. Ова е шеста победа по ред за тимот од ЛА. Клиперс одлично го започнаа мечот со 16:0, а во еден момент од првата четвртина водеа и со 21 поен предност (28:7).

Сепак, Јута успеа да намали само на три разлика, па на полувреме резултатот беше 53:50. Во еден момент од третата четвртина гостите дури и поведоа со 75:71, па тоа како да беше најава за неизвесна завршница. Сепак, во последниот квартал Клиперс водеа со 96:94 и потоа домаќините со серија од 17:2 стигнаа до убедливи 113:96, па го решија прашањето околу победникот.

На останатите четири меча кои се играа ноќеска, победуваа гостите: Бруклин – Хјустон 96:120, Детроит – Мајами 112:118, Далас – Филаделфија 108:123, Сакраменто – Бостон 106:120.

- Оглас -

Најнови вести