Сан Антонио спарс го совлада тимот на Торонто репторс со конечни 125:107. Ова беше прво враќање за Кавај Ленард откако го напушти Сан Антонио во трејдот за Демар Дерозен, кој исто така за првпат се соочи со тимот во којшто настапуваше до лани, па битката му припадна на новиот лидер – на Спарсите.
Дерозен имаше посебна мотивација, па своите способности ги покажа остварувајќи го својот првл трипл-дабл учинок во кариерата. Средбата ја заврши со 21 поен, 11 асистенции и 14 скока. На другата страна, и Ленард запиша 21 поен, но не им помогна многу на Репторс да го избегнат 12-от пораз сезонава.
Ленард беше пречекан со свирежи од страна на присутните во „АТ&Т центарот“, додека фановите на Спарсите уживаа во потезите на нивната нова ѕвезда во тимот.
Kawhi Leonard BOOED By Spurs Fans During Intro!!: https://t.co/yfuN7uX5Xv via @YouTube
— Chaz NBA (@ChazClavant) January 4, 2019
https://www.youtube.com/watch?v=bRAl89LdKn8