Ленгле им контрира на фотографиите: Не го удрив Варан, немаше пенал

Клемент Ленгле, кој во првото полувреме го удри сонародникот Рафаел Варан во својот 16-ник и му остави трага на бутниот мускул на ногата, тврди дека не направил пенал. Ниту судијата на теренот, ниту тој во ВАР-собата не мислеа дека треба да досудат најстрога казна по дуелот на Французите во првото полувреме.

„Сакав со глава да ја исфрлам топката и ја допрев ногата на Варан, но не сум играч кој сака да удира. За мене, тоа не беше пенал. Јас бев директен учесник во настанот и знам дека не направив ништо погрешно. Ако некој мисли поинаку, тоа си е негово мислење. Имаме чувство дека загубивме два бода, утнавме некои шанси. Мислам дека ни фалеше поголема поврзаност со напаѓачите“, вели Ленгле.

- Оглас -

Најнови вести