Фудбалерите на Ленс продолжуваат со одличните игри во Лига 1, и вечерва ја забележаа седмата победа по ред откако со 3:0 го совладаа Тулуз.
Со новиот триумф, Ленс дојде на само два бода од лидерот на табелата, ПСЖ кој има 32 бода.
Домаќините до триумфот дојдоа во второто полувреме, иако во 49-тата минута капитенот Секо Фофана, промаши пенал, односно неговиот удар го одбрани голманот на Тулуз, Максим Дупе.
https://twitter.com/i/status/1586090393531080704
Само десет минути подоцна Ленс сепак поведе кога центаршутот на Флоријан Сотока го искористи нововлезениот белгиски напаѓач Лоис Опенда и со прецизен удар со глава донесе радост за домашните фанови.
https://twitter.com/i/status/1586096971953352704
Опенда ја потврди победата на својот тим со својот втор гол на три минути пред крајот на натпреварот, а во 93-тата минута дојде со новиот гол дојде до хет-трик и стана само четвртиот играч во последните 22 години што постигнал три гола, а во игра влегол од клупата.
https://twitter.com/i/status/1586100029655113728