Лео Меси и Луис Суарес основаа клуб, ќе започнат од четвртата лига (Видео)

Легендарниот уругвајски напаѓач и член на Интер Мајами, Луис Суарес, во 2018 година во својата татковина основа фудбалска академија во која денес членуваат околу 3.000 деца, а има и 80 вработени.

Овој проект сега добива нова димензија бидејќи му се приклучи и неговиот соиграч од Интер Мајами, Лионел Меси, па академијата прераснува во клуб кој ќе се натпреварува и во сениорска конкуренција. Клубот го доби името Депортиво ЛСМ и ќе се натпреварува во четвртата лига на Уругвај.

„Пред сè, би сакал да му се заблагодарам на Луис што ми ја даде оваа можност да се приклучам на овој проект. Години наназад работеше напорно на овој проект и тој значително порасна. Голема чест и радост ми е што сега сум дел од него заедно со тебе. Се надевам дека ќе дадам сè од себе за да придонесам за понатамошниот развој на проектот и, што е најважно, да работам рамо до рамо со тебе“, напиша Лионел Меси.

- Оглас -

Најнови вести