Светските медиуми веќе наголемо го најавуваат враќањето на Лионел Меси во Европа, и тоа не каде било, туку во Барселона. Според нив, раководството на Каталонците веќе подготвува понуда до него, но и до Интер Мајами. Аргентинецот има договор со екипата од МЛС-лигата до крајот на оваа календарска година, па Барселона е подготвена дури и да го откупи неговиот договор налето.
Тоа би се поклопило со враќањето на екипата на „Камп ноу“, но Каталонците се подготвени и да го чекаат до крајот неговиот договор, во случај од Интер Мајами да не се согласат да го ослободат порано.
Сепак, прашање е дали воопшто Меси сака да се врати во Барселона, со оглед на сето она низ што мина кога си заминуваше од Каталонија во ПСЖ.