Леонард Жута е нов играч на хрватскиот прволигаш Шибеник. Поранешниот македонски репрезентативец пристигнува од шведскиот клуб Бромапојкарна.
Договорот со Шибеник е потпишан на една година со можност за продолжување на уште една.
Освен за Бромапојкарна, Леонард Жута во кариерата настапуваше и за Вастра Фролунда, Хакен, Риека, Коњаспор, Лече и Волеренга.
Сега се враќа во хрватскиот шампионат, но во дресот на Шибеник.
„Пресреќен сум поради доаѓањето во Шибеник, низ кариерата многупати сум играл на Шубичевац, но на спротивната страна. Дојде време да го облечам и портокаловиот дрес. Знам дека се работи за клуб со богата традиција, со верни навивачи. Се радувам на новите предизвици и верувам во успеси со новиот тим“, изјави Жута по доаѓањето во новиот хрватски прволигаш.
Жута има 15 настапи за сениорската репрезентација на Македонија.