Леонардо: Барселона сака да го купи Нејмар, но не е во ситуација да го реализира трансферот

Првата ѕвезда во екипата на Пари Сен Жермен, Нејмар, вчера не се појави во клубот на стартот на подготовките. Бразилецот официјално не најавил дека ќе го пропушти првиот собир, па затоа од ПСЖ најавија дека ќе следува казна за Нејмар.

И покрај казната, Нејмар со овој потег само сака да покаже дека не планира во новата сезона да игра за ПСЖ туку да направи трансфер во Барселона. Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, имал разговори со Нејмар и добил одговор дека треба да се прави трансфер.

„На сите им е јасно што сака Нејмар, но во фудбалот една работа кажувате денеска, а утре е сосема поинаку. Звучи неверојатно, но така е. Ситуациите како оваа, кога играчот сака да си замине од клубот, не се невообичаени. Тоа не е срамота за ПСЖ. Зошто ние би се чувствувале виновни ако Нејмар не сака да остане? Зар ние сме виновни што тој не дојде на закажаните подготовки?“, вели спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо.

Еден од првите луѓе на францускиот првак објаснува дека имал разговори со Нејмар, но дека фактите велат дека тој има договор уште три години со ПСЖ, а засега не примиле ниту една официјална понуда за него. Сепак, Леонардо открива дека еден клуб покажал интерес за Бразилецот.

„Вистина е дека досега имавме површни контакти со еден клуб. Тоа е Барселона. Тие сакаат да го купат Нејмар. Така рече нивниот претседател Хосеп Марија Бартомеу. Сепак, мислам дека Барселона не е во позиција да го купи Нејмар. Ние сме подготвени да го продадеме, но треба да има конкретна понуда. Затоа потребни се преговори“, додаде Леонардо, кој повеќе не сакаше да ја открива ситуацијата околу Нејмар.

- Оглас -

Најнови вести