Лесна задача за Челзи, Барса, Баерн и ПСЖ

Во Англија се игра ФА купот, во останатите Топ 5 лиги се играат првенствени средби, па тоа се настаните за кои ви предлагаме да ги играте денеска и да обложите во уплатните места на SPORT LIFE. Ви нудиме и мини-анализи за секој од петте меча одделно.

 

Баерн – Штутгарт (15.30 часот)

Во минатото, дуелите на овие два тима значеа битка за титулата, сега се обичен тренинг за баварците. Баерн нема право на кикс бидејќи лидерот Борусија Дортмунд и натаму е на пристојна разлика. Баварците не загубиле од средината на ноември, имаат шест победи по ред, додека „швабите“ кои се борат за опстанок, редат само неуспеси.

Предлог тип: 1 & ГГ (2.65)

 

Челзи – Шефилд венздеј (19.00 часот)

Домашните не би смееле да имаат потешкотии во овој меч од ФА купот. На Шефилд му е поважно да избори опстанок во Чемпионшип, отколку да се бори против една од најсилните екипи во Англија. „Сините“ од Лондон би сакале далеку да стигнат во купот, а веројатно нема да бидат во најсилниот состав, но и со комбиниран тим, би требало да слават.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.85)

 

Лацио – Јувентус (20.30 часот)

Јуве е ослабен, има пет повредени играчи, па тоа може да биде прилика за „орлите“ да го изненадат фаворитот кој делува како беспрекорна машина. И Лацио има одредени проблеми. Лацио пет години не знае за освојување бод на „Олимпико“ против Јуве, а последните три гостувања во Рим, „старата дама“ ги доби со по 1:0. Во лигашки меч, Лацио не го совладал Јуве уште од декември 2003.

Предлог тип: Х2 & Т2 2+ (2.20)

 

Жирона – Барселона (16.15 часот)

Каталонската пресметка би требало да им припадне на гостите, ако се знае дека Жирона веќе на девет натпревари по ред во сите натпреварувања не знае за победа. Последниот триумф им беше на почетокот на декември, дома не добија ниту еден од седумте последни меча. Кај Барселона се враќа Меси кој не играше во купот против Севилја, а со него, Барса е сосема поинаква.

Предлог тип: 2 & 4+ (2.60)

 

ПСЖ – Рен (21.00 часот)

Парижаните со деветте гола против Генгам покажаа како им се одмаздуваат на екипите од кои загубиле, а сега редот му доаѓа на Рен, кој лани во мај ги победи „светците“ со 2:0. Неиграњето на Нејмар нема да биде пречка за ПСЖ да го поразат Рен, но треба да се очекува дека ќе постигнат 9 гола. ПСЖ има 10 победи во последните 11 меѓусебни мечеви.

Предлог тип: 1-1 (1.58)

- Оглас -

Најнови вести