„Лесно“ е да погодиш дека Македонија ќе ја победи Германија, што со пораз на ПСЖ или „петарда“ на ВБА против Челзи

Поминаа пет дена од историската победа на македонскиот национален тим над Германија, и тоа на гости во Дуисбург, и на многумина уште како да не им се верува дека се случи тоа, но за многумина таа победа не донесе само радост во срцата, туку и ги збогати бидејќи уплатија на победа на Македонија и погодија огромни квоти.

Изненадувачки многу луѓе уплатија пари на победа на Македонија, иако бевме аутсајдери. Се покажа дека никој не треба да ги потценува Рисовите.

Многу од фудбалерите кои ја донесоа победата по означувањето крај, како да не можеа да сфатат што направиле. Леле луѓе, го победивме четирикратниот светски првак и сега имаме позитива од 1-0 против нив во меѓусебните дуели. Цела Европа ни посвети внимание и пишуваше за идниот учесник на Европско првенство предводен од легендата Горан Пандев.

КАКО ЛИ МУ Е НА НЕСТОРОВСКИ?

Победата над Германците е извојувана без првиот напаѓач Илија Несторовски и без казнетиот Нестор, Македонија даде два гола против големата Германија, па се отворија прашањата како му било на Илија додека го гледал мечот и дали ни е потребен шпиц против најсилните во Европа. Несторовски е играч во кој селекторот Ангеловски имаше огромна доверба, а иднината ќе покаже дали напаѓачот на Удинезе или ќе ја има судбината на Адис Јаховиќ или онаа на Карим Бензема во француската репрезентација.

По триумфот над Германија, почнуваме да сонуваме настап на Мундијалот во Катар следната година, а сигурно е дека за малку повеќе од два месеци, стартуваме на ЕП.

Ептен ни е мерак што ќе дебитираме на ЕП, па илјадници луѓе деновиве се во потрага по албумот на „Панини“, решени да го соберат и да ги имаат залепено нашите репрезентативци. Среќните колекционери со нетрпение очекуваат да се менуваат со сликички и некој од нив да изговори го менуваме ли Роналдо за Зајков?

ПСЖ МИСЛЕЈЌИ НА ЕВРОПА, СИ ПРАВИ ПРОБЛЕМ ВО ДОМАШНАТА ЛИГА, ЈУВЕ И ЛИВЕРПУЛ СЕ ПРОСТУВААТ ОД ТИТУЛИТЕ

Над 90 играчи на Спортската прогноза на Спортманија и Sport Life типуваа дека ПСЖ ќе го победи Лил и погрешија. Светците среде Париз загубија од директниот конкурент за титулата и си ја искомплицираа работата, па мислејќи на дуелот со Баерн во ЛШ, парижаните киксираа дома и шокираа многу обложувачи.

Саботата беше кобна и за сите кои со право веруваа дека Челзи својата серија без пораз со тренерот Тухел ќе ја продолжи и против ВБА. Но, гостите победија, и тоа со пет гола во мрежата на Сините. Ретко кој можеше да претпостави таков исход, но имаше и такви поединци.

Ливерпул сфати дека многу е полесно да се освои отколку да се одбрани титула. Така беше и во ЛШ, сега тоа им се случи и во Премиер лигата. Црвените ќе мора да се потрудат да се пласираат во ЛШ, сè друго би било дебакл.

И на Јуве типуваа многумина викендов, а се изгореа. Јувентус уште има теоретска шанса да ја продолжи децениската доминација, но Италија речиси сигурно ќе добие нов првак, и тоа најверојатно Интер, кој на десет кола до крај има плус осум бода и еден меч помалку од вториот Милан. Управата на Старата дама лани го ангажира Андреа Пирло за тренер, но според резултатите, изгледа згреши и сега дојде време за наплата.

- Оглас -

Најнови вести