Лесно е за мајстори за фудбал и тенис со Супер типот на Sport Life (Фото)

Повторно со микс од два спорта, фудбал и тенис, е понудата од 16 натпревари на Sport Life со популарниот Супер тип, а сите коефициенти се поголеми од стандардните во билтенот и дневниот додаток.

Џокер може да се искористи многу рано, веќе во 11 часот, кога ќе почне тенискиот меч меѓу Сонего и Андухар.

Коефициентот за единица, односно за победа на Сонего е 1.54, а до 14 часот има цел блок тениски дуели, комбинирани со фудбалскиот меч во Јужна Кореја меѓу Геонгнам и Ансан.

Иван Тричковски со АЕК Ларнака ќе се обиде да го преточи нерешениот резултат 1:1 од Данска во успех против Митјиланд на свој терен, но гостите се фаворити.

Од квалификациите за ЛШ во понудата во Супер типот се и натпреварите П’лзењ – Хелсинки и Шериф – Марибор со по пет различни варијанти на игра, сите со зголемени квоти.

Англија и Шведска ќе го играат првото полуфинале на ЕП во женски фудбал, а и на тој меч има пет различни комбинации за игра.

Понудата завршува со дербито во Мексико меѓу Монтереј и Пуебла што ќе се игра од 2 часот по полноќ.

- Оглас -

Најнови вести