Лесно му е на Мирчевски да дава голови со ваква публика во Бачка Топола (Фото)

Мартин Мирчевски го постигна третиот гол за ТСЦ Бачка Топола, денеска во победата против Напредак со 2:0.

Македонскиот интернационалец во српското првенство погоди во 58. минута за 1:0, а неговиот тим експресно само една минута подоцна постигна уште еден гол за победа од 2:0.

ТСЦ Бачка Топола со 48 бода е на шестото место во Првата српска лига, а ист број на бодови со меч помалку имаат и Вождовац и Раднички Ниш, на четвртата и петтата позиција.

Првите три екипи и победникот во српскиот куп ќе играат во еврокуповите.

Интересно е што Мирчевски се уште е втор стрелец во Првата македонска фудбалска лига со 16 гола, иако од јануари е член на српскиот прволигаш ТСЦ Бачка Топола.

 

- Оглас -

Најнови вести