Лесно му е на Тотенхем кога Бејл игра како во најдобрите денови (Видео)

Тотенхем немаше милост и со 4:0 го победи Барнли во меч од Премиер лигата, а ѕвезда на средбата беше Герет Бејл. Еден од најдобрите фудбалери во светот во претходните неколку сезони, денеска потсети на своите блескави дуели, па на лондонскиот тим му беше лесно да стигне до посакуваниот триумф.

Бејл погоди по само 77 секунди од почетокот и најави дека ова е негов ден. Да бидат решени дилемите уште во првото полувреме се погрижија Хари Кејн и Лукас. Бејл беше асистент за погодокот на Кејн во 15 минута.

Во второто полувреме Бејл го постигна и својот втор погодок во 55 минута за 4:0 за Тотенхем, а до крајот резултатот не се менуваше. Оддамна немало меч на кој Бејл бил двократен стрелец, а плус да има и една асистенција, а тренерот на Тотенхем Жозе Мурињо сигурно очекува уште вакви игри на најскапиот фудбалер во тимот.

- Оглас -

Најнови вести