18.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Лестер го купи еден од најдобрите играчи на Њукасл

Лестер донесе одличен играч за новата сезона потпишувајќи со Ајозе Перес од Њукасл. Шпанецот си заминува од Њукасл по пет години, во кои се профилираше во одличен играч. Само во минатата сезона, Перес даде 12 погодоци за Њукасл во Премиер лигата и веднаш го привлече вниманието на екипи како Манчестер сити и Евертон.

Сепак, шампионот од 2016 година беше најконкретен, па за сума од 30 милиони фунти, Перес направи трансфер во Лестер.

„Пресреќен сум што дојдов во овој клуб. Искрено, едвај чекам да почне сезоната и да покажам колку вредам“, рече Перес на промоцијата.

https://twitter.com/LCFC/status/1146736238881333250

 

- Оглас -

Најнови вести