Лестер е освојувач на првиот трофеј во новата сезона во Англија, откако во Комјунити Шилд, Лисиците со 1:0 го победија Манчестер сити. Освојувачот на ФА Купот се радуваше на мечот на „Вембли“, уште еднаш покажувајќи дека може да ги победи најдобрите.
Единствениот гол вреден нов трофеј на Лестер го даде Ихеначо од пенал. Голманот на Сити направи грешка и беше виновен за пеналот, а Ихеначо го искористи подарокот со погодок во 89 минута. За Лестер ова беше само трета победа над Сити во меч кој не е од лигашки карактер, а прв по пауза од 53 години.
На Сити не му помогна ниту Џек Грилиш кој пред само два дена потпиша за Граѓаните и тоа за сума од 117 милиони евра.
2/20 – Leicester have won just two of their 20 meetings with Man City outside of league competition (D7 L11), winning 3-0 in January 1920 and 4-3 in February 1968 (both FA Cup). Underdogs. #CommunityShield
— OptaJoe (@OptaJoe) August 7, 2021
Сити на овој меч играше без голем број стандардни играчи кои беа главни во освојувањето на титулата во Премиер лигата минатата сезона, но тоа не треба да е оправдување за тренерот Пеп Гвардиола. Лестер во само неколку месеци ги победи Челзи во финалето на ФА Купот и сега Сити во Комјунити Шилд, покажувајќи дека ќе биде опасен ривал и во новата сезона.
За Лестер ова е прв трофеј во Комјунити Шилд по пауза од радоста која ја имале во далечната 1971 година.