Лестер и Ливерпул повторно ќе приредат голеада

1124 Саутхемптон – Тотенхем (16.00 часот)

Саутхемптон пред два дена одигра интересен меч и победи со 3-2 против Вест хем, но сега иако игра дома, ќе има уште потешка задача бидејќи Тотенхем е во одлична форма, има 13 бода во последните пет меча. Тотенхем завчера на Боксинг деј лесно излезе на крај со Кристал палас, па тренерот Конте му даде одмор на Кејн. Од последните седум меча на Саутхемптон, овој тим на шест примаше барем два гола, додека Тотенхем има серија од пет лигашки мечеви на кои дава барем два гола. Саутхемптон дома нема пораз уште од 26 септември.

Предлог тип: Т2 2+ (1.87)

 

1125 Ватфорд – Вест хем (16.00 часот)

Двата тима се во криза, па ова е шанса да освојат некој бод. Ватфорд има четири порази по ред, но не играле од 10 декември и интересно ќе биде да се види дали одморот добро им дошол или ќе се покаже дека излегле од натпреварувачки ритам. Вест хем е заморен, играше и завчера, Чеканите имаат два порази по ред, го губат чекорот со водечките. Ова е прилика за Вест хем да им се врати на победите, не славеле уште од 4 декември. Последните три меѓусебни дуели на овие тимови завршуваа со ГГ и 4+ голови. Ватфорд последен пат славел дома против Вест хем во 2017 година.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.88)

 

1126 Лестер – Ливерпул (21.00 часот)

Лисиците имаат пеколен распоред периодов, завчера играа против Манчестер сити и примија 6 гола, а вечер го пречекуваат најефикасниот тим во Премиер лигата. Ливерпул на 18 меча даде 50 гола и ако победи, ќе дојде на три бода од водечкиот Сити. Лестер е ефикасен тим, но има проблем со одбраната, само три тима имаат примено повеќе голови од нив. Хендикеп за Црвените е отсуството на суспендираниот Робертсон, а листата на повредени кај Лестер е огромна. Овие тимови се сретнаа минатата недела во Лига купот, по 90 минути беше 3-3. Кога Ливерпул гостувал во Лестер, 17 години немало нерешен резултат.

Предлог тип: 2 & 3+ (1.73)

 

1537 Маритимо – Визела (20.00 часот)

Маритимо е десетти на табелата, но само навидум е безбеден бидејќи има само три бода повеќе од 16-тиот Фамаликао, а 16-тото место носи плејаут. Визела е на 14-тата позиција со бод помалку од Маритимо. Визела е тим кој има дури седум ремија во 14 кола, но во последните три меча немаат нерешено. Маритимо во минатото коло настрада од Бенфика со 1-7, а Визела од Порто со 0-4. Ова е прв меѓусебен дуел на овие тимови во нивната историја.

Предлог тип: Х (3.05)

 

2834 Галатасарај – Денизлиспор (19.00 часот)

Ова е меч од 16-финалето на Турскиот куп. Се игра само еден меч и во купот можни се секакви изненадувања, фаворитот веројатно нема да игра комплетен, но секако ќе биде фаворит против второлигашот. На Денизлиспор не му оди, има серија од шест меча без победа во лигата и на овие шест средби ниту еднаш не даде повеќе од еден гол. Во минатата сезона тимот од Денизли беше прволигаш и во дуелите со Галатасарај губеше со 1-4 и 1-6. Последните седум нивни мечеви во Истанбул завршуваа со победа на домашните и 3+ голови.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.62)

- Оглас -

Најнови вести