Англискиот првак од 2016 година ќе го откупи договорот на Јури Тилеманс од Монако. Белгиецот изминатата сезона импресионираше во дресот на Лисиците како позајмен играч од француското кнежевство, а ова лето и перманентно ќе остане на „Кинг Пауер“ стадионот за рекордни 40 милиони фунти.
Лестер вчера го официјализираше ангажманот на Ајозе Перес од Њукасл за сума од 30 милиони фунти, а во претстојниот викенд менаџерот Брендан Роџерс ќе го добие и рекордното засилување на клубот. Се очеква Тилеманс да потпише петгодишен договор со Лисиците.
https://twitter.com/jpercytelegraph/status/1147186633034412037?s=21