Манчестер јунајтед немаше загубено гостински лигашки меч уште од јануари 2020 година, а на таа серија од 29 меча и беше ставен крај денеска на „Кинг Пауер“ во Лестер. Лисиците ги победија Црвените ѓаволи со 4-2, во супер интересен меч на кој гостите водеа со 1-0, а имаа и 2-2.
Џејми Варди даде гол за 3-2 и тоа само 54 секунди откако Лестер прими гол за 2-2. Патсон Дака со гол за 4-2 стави точка. Фановите на Лестер пееја „Еј Хари, кој е резултатот?“, задоволни што нивниот некогашен член, Мегваер, е поразен од Лестер.
Другиот тим од Манчестер сити, истотака даде два гола, но не прими ниту еден, и славеше со 2-0 против Барнли.
https://www.youtube.com/watch?v=Cosb-4_MtPs