Лестер му помогна на Сити уште вечерва да ја прослави титулата во Премиер лигата (видео)

Лестер запиша важна победа на гостувањето кај Манчестер јунајтед со 2-1, со што се врати на третото место на табелата и оствари исчекор кон пласманот во Лигата на шампионите. Лисиците на Брендан Роџерс воедно му помогнаа на Манчестер сити уште вечерва да се радува на осмата лигашка титула во Англија, односно шеста откако се игра овој формат на Премиер лигата.

https://twitter.com/ManCity/status/1392190669947539459

На три кола до крајот, разликата меѓу Сити и Јунајтед е 10 бода, што значи дека тимот на Пеп Гвардиола и математички го потврди искачувањето на фудбалскиот кров во земјата на Гордион Албион.

Уште во 10-тата минута Лестер отвори со фантастичен погодок на младиот бек Лук Томас, кој од втор план се искраде во опасната зона и ефектно ја затресе мрежата на Де Хеа.

Водството на гостите не траеше долго бидејќи само пет минути подоцна Гринвуд израмни на 1-1 и го врати комбинираниот состав на Солскјер во игра.

Лестер во текот на целиот меч беше поопасен и го користеше искуството на својата страна, па ниту замените во Кавани, Рашфорд и Фернандеш не вродија со плод, а конечно казни Сојучну со гол со глава за 2-1 во 66-тата минута, што се покажа како конечен резултат на „Олд Трафорд“.

Лестер сега има 66 бода, четири помалку од второпласираниот Јунајтед, односно два повеќе од Челзи.

- Оглас -

Најнови вести