Лестер нема гајле додека има „лисици“ како Варди и Ихеаначо

Лестер ја победи Астон Вила на гости со 4-1, и дојде на осум бода зад лидерот Ливерпул, а на шест бода пред третиот Манчестер сити, на табелата во Премиерлигата. Тимот на тренерот Брендан Роџерс игра феноменално, добрата форма ја потврди и попладнево на „Вила парк“ во Бирмингем.

Џејми Варди со двата гола, ја продолжи серијата голови и сега на осум премиерлигашки натпревари по ред се запишува во листата на стрелци. За Варди, ова е втора ваква низа во кариерата, со што се изедначи со Руд Ван Нистелрој, кој во 2002 и 2003 успеваше на осум меча по ред да дава голови. Варди е рекордер со 11 меча по ред со даден гол, поставен во ноември 2015 година.

Погодок за Лестер даде и Келечи Ихеаначо, нигерискиот напаѓач кој првпат после 365 дена беше стартер, и ја оправда довербата. Ихеаначо сезонава влезе во игра на четири меча, и даде четири гола. Претходно, тој за Лестер даде четири гола на дури 42 меча.

- Оглас -

Најнови вести