Лестер по повеќе од пола век ќе игра финале во ФА Купот (видео)

Лестер ќе му биде противник на Челзи во 140-тото издание на ФА Купот, откако тимот на Брендан Роџерс со минимални 1-0 славеше во второто полуфинале против Саутхемптон. Двете полуфиналиња се решија со идентичен резултат, откако Сините вчера со 1-0 го елиминираа Манчестер сити.

Лестер по 52 години пауза ќе се бори за трофејот во најстарото фудбалско натпреварување во светот, а претходно во четири наврати не успеваше да го освои ФА Купот. Ихеначо со погодокот во 55-тата минута, кој беше негов 10-ти во последните седум меча за Лестер, го обезбеди пласманот во финалето.

Лестер против Челзи ќе ги одмери силите на 15 мај исто така на „Вембли“ во Лондон.

- Оглас -

Најнови вести