Лестер со голот на Демарај Греј славеше на гостувањето во Кардиф со минимални 1-0. „Лисиците“ играа и победија за нивниот починат сопстевник на клубот, Вишај Шриваданапраба, кој пред неколку дена трагично загина во несреќата со хеликоптерот.
На триумф конечно се израдува Њукасл, избраниците на Рафа Бенитез дури во 11-от натпревар во Премиер лигата ја забележа првата овосезонска победа. Против Вотфорд, Ајозе Перез го постигна единствениот гол на средбата за 1-0, во 65-тата минута.
Два гола на Ричарлисон и еден на Колман, беа и повеќе од доволни за Евертон да го совлада Брајтон со конечни 3-1. Данк израмни на 1-1 во првиот дел откако Бразилецот ја донесе првата предност на „карамелите“, а во продолжението домаќините убедливо го остварија петтиот триумф сезонава.
Највозбудливиот меч од натпреварите во 16 часот во Премиер лигата, беше меѓу Вест хем и Барни. „Чеканите“ триумфираа со 3-2, откако гостите на два пати успеваа да се вратат од негатива. Арнаутовиќ, односно Гудмунсон погодија во првиот дел за 1-1, за потоа Фелипе Андерсон да постигне два гола (68‘, 84‘) за Вест хем, додека Вуд во 77-та минута за момент го направи мечот неизвесен.