Поразот на Лестер на свој терен од Њукасл со 0:3 е историски. Лисиците стигнаа до постигнување кое никогаш претходно на ниту еден професионален тим во Англија не му успеало.
Лестер може да се „пофали“ дека е првиот тим во Топ 4 лигите во Англија (професионалните лиги) кој има осум порази по ред на домашен терен и тоа без да постигне ниту еден гол.
Очајната серија на Лестер започна на 22 декември, кога загуби од Вулверхемптон со 0:3. Потоа се редеа поразите и од Манчестер сити 0:2, Кристал палас 0:2, Фулам 0:2, Арсенал 0:2, Брентфорд 0:4, Манчестер јунајтед 0:3 и последниот од Њукасл со 0:3. Во овој период Лестер прими дури 21 гол, а не постигна ниту еден.
Последен пат Лестер на свој терен победи на 3 декември минатата година со 3:1 против Вест хем. По тој меч, Лестер одигра 17 дуели и има 15 порази, едно реми против Брајтон (1:1) и сензационална победа во Лондон против Тотенхем со 2:1.