20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Лестер прв пат по 47 години го победи Арсенал во Лондон на лигашки меч

Лестер со голот на Џејми Варди го победи Арсенал во Лондон минимално со 1:0 во меч кој има историско значење за Лисиците. За Лестер ова е прва победа против Топчиите на нивни терен во лигашки меч во последните 47 години.

Откако е востановена Премиер лигата, Лестер имаше 14 гостувања кај Арсенал во кои 12 пати си заминуваше поразен, а само два пати освојуваше бод. Вечерва конечно гостите си заминаа со трите бода, а Варди е херојот, кој влезе како резерва во вториот дел.

Само 20 минути му беа доволни на Варди за повторно да ја затресе мрежата на Арсенал. Ова за него беше 11 погодок против Арсенал во 12 лигашки средби. Лестер сезонава на гости игра одлично и по победите над Вест Бромвич Албион и Манчестер сити, сега со трите бода си заминуваат и од гостувањето кај Арсенал. За Топчиите ова е прв пораз на домашен терен во 2020 година.

 

- Оглас -

Најнови вести