Лестер сака да купи играч од Јувентус

Лестер игра одлична сезона во англиското првенство и моментно е на второто место, веднаш зад неприкосновениот Ливерпул. Лисиците викендов ја прекинаа низата од осум победи по ред и одиграа нерешено против Норвич. Дека не планираат да сопрат во темпото и дека цел им е да бидат во топ-4 на крајот од сезоната, а со тоа да изборат место во Лигата на шампиони, Лисиците покажуваат и со фактот што сакаат да се засилат во јануарскиот преоден рок.

Младиот дефанзивец Мерих Демирел е цел на англискиот тим. Демирел летоска стигна во Торино од тимот на Сасуоло, но не успеа да се избори за место во стартниот тим, па сезонава има само три настапи за Старата дама. Турчинот кој има само 21 година беше цел и на Арсенал и на Манчестер јунајтед, а сега Лестер е подготвен да понуди 30 милиони евра за неговиот потпис.

Англискиот тим би понудил договор до 2024 година и три милиони евра годишна плата за дефанзивецот, но засега Јувентус не покажува интерес да го продаде овој играч.

- Оглас -

Најнови вести