Лестер знае како треба – пита и дедо мраз капа за секој гледач

Со игрите и резултатите сезонава, Лестер многу потсетува на шампионската сезона во Премиер лигата. Лисиците играат фантастично и по 16 поминати кола, имаат освоено повеќе поени од сезоната во која стигнаа до шампионскиот пехар. Сепак, Лестер сега не е лидер во Премиер лигата само поради неверојатните резултати на Ливерпул, кој има речиси перфектно.

Лестер попладнево го пречекува Норвич, а домаќините се големи фаворити за триумф. На стадионот „Кинг Пауер“ веќе се чувствува Божиќна атмосфера, а челниците на клубот решија да ги изненадат своите навивачи.

Сите оние кои денеска ќе бидат на трибините и ќе го бодрат Лестер, ќе добијат бесплатно парче пита, но и дедо мраз капа во сино бела боја, што е клупска комбинација на Лисиците.

https://twitter.com/LCFC/status/1205165459517165570

 

- Оглас -

Најнови вести