Португалското дерби меѓу Порто и Спортинг заврши со голем инцидент и вкупно петмина исклучени фудбалери, четири по мечот и еден во текот на натпреварот што заврши 2:2, а сега има и казни.
Пепе од Порто и Табата од Спортинг минаа најлошо и за нив има казна, а колку натпревари нема да играат ќе биде дополнително одредено бидејќи се и под истрага на дисциплинската комисија на Примеира.
Пепе е суспендиран бидејќи го удри директорот на Спортинг, а Табата го стори тоа во необичниот дуел со директорот на Порто.
Маркезин е казнет со два меча неиграње, Палиња ќе одмори на три натпревари, а Коатес, кој беше исклучен во текот на натпреварот, е казнет со еден меч суспензија.
Парични казни има и за Порто и за Спортинг. Домаќините ќе мора да платат глоба од 16.575 евра, а Спортинг ќе ја подиспразни клупската каса за 5.740 евра.