Летаат комплименти – Пандев со 100-ка вечерва е главна „фаца“ во Серија А

Горан Пандев е главна „фаца“ вечерва во Серија А во Италија откако со два гола за Џенова против Беневенто успеа да стигне до 100 гола во Калчото.

Џенова ремизираше 2:2, а Пандев беше прецизен во 11-тата и во 21-вата минута, голови што го доведоа до двоен јубилеј, 100 гола во италијанското првенство во 150-ти меч за сегашниот клуб.

Пандев стана и првиот македонски фудбалер со 100 погодоци во една од Топ-5 лигите во Европа. На социјалните мрежи симпатизерите на фудбалот со голем респект истакнуваат дека се работи за голема легенда на светскиот фудбал, за вечното момче во Серија А, недопирливиот…

https://twitter.com/MattClark_08/status/1384947750077403138?s=20

Пандев играше и за Лацио, Интер и Наполи, моментно е еден од играчите со најмногу настапи од активните во Серија А, а допрва на 37-годишна возраст го чека деби со Македонија на ЕП.

Резултати, 32. коло Италија: Милан – Саусоло 1:2, Џенова – Беневенто 2:2, Специја – Интер 1:1, Јувентус – Парма 3:1, Удинезе – Калјари 0:1, Болоња -Торино 1:1, Кротоне – Сампдорија 0:1. 

- Оглас -

Најнови вести