За Албанците, не само тие што живеат во Албанија, туку низ целиот свет, победата над Србија во Лесковац на фудбалскиот меч беше повеќе од обична победа на спортски терен.
Тие еуфорично славеа, имаше прослави секаде каде што живеат Албанци, па дури и во Њујорк, и во српскиот град Бујановац во кој мнозинство се Албанци. Се славеше и во Македонија.
После мечот, три страни се жалеа на одредени работи.
На Албанците им пречеше што Манај добил жолт картон при прославата (симулираше летање албански орел) со која ги провоцираше публиката и противниците на клупата за резерви и скандирањето „Убиј го Албанецот“. На Србите им пречеше таа прослава и пеењето националистички песни после мечот од страна на албанските фудбалери, а се јавија и од фудбалската федерација на Косово со замерка дека на стадионот го имало забранетото знаме со мапата на Косово особена во боите на Србија и извиците „Србија-Косово“.
🇺🇸🇦🇱 Celebrations in New York after Albania beat Serbia. https://t.co/zSuBock1z4 pic.twitter.com/mKaRwKOoS2
— kos_data (@kos_data) October 11, 2025