Летечки старт на Сент Луис за израмнување на 2:2 против Сан Хозе

Иван Барбашев постигна гол по само 35 секунди игра за Сент Луис, по него и Тајлер Бозак погоди во првиот период, доволно за победа на Сент Луис блус против Сан Хозе Шаркс од 2:1, за израмнување на 2:2 во финалната серија од Западната конференција во НХЛ Лигата.

Гостите од Сан Хозе направија брејк во претходниот меч, но брзо се соочија со негатива од два гола ноќеска и не успеаја комплетно да се вратат во игра за нова победа.

Томас Ертл го постигна почесниот гол за гостите во седмата минута од третиот период, а ноќеска непремостлива пречка за Ајкулите беше голманот на Сент Луис, Џордан Бинингтон.

Тој одбрани 29 удари и како дебитант се запиша во клупската историја на Сент Луис со 10 победи во плејоф циклус. Бинингтон се проби во топ-10 голмани дебитанти со најмногу победи во плејоф серии во битката за вредниот пехар во Стенли купот.

Следниот меч се игра во Сан Хозе, а Шаркс се уште имаат предност, да го играат евентуалниот решавачки меч за големото финале на свој терен во „САП центар“.

- Оглас -

Најнови вести