29.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Летечкиот Мондо Дуплантис со нов светски рекорд до светско злато во Токио (Видео)

Најдобриот атлетичар на денешницата, Арманд Дуплантис, го сруши светскиот рекорд во скок состап и по 14-ти пат, но и вторпат за само еден месец, откако на Светското првенство во Токио успеа да прескокне висина од 6,30 метри, што беше и повеќе од доволно за светска титула.

Тоа е подобрување од еден сантиметар за разлика од претходниот светски рекорд, кој пред само еден месец беше поставен на атлетскиот митинг во Будимпешта, но и нови 100.000 долари на сметката на шведскиот атлетичар.

За доминацијата на Мондо Дуплантис говори и фактот дека сребрениот Грк, Емануил Каралис, прескокна дури 30 сантиметри помалку, односно точно шест метри, додека третопласираниот Куртис Маршал од Австралија прескокна 5.95 метри.

- Оглас -

Најнови вести