Кристијано Роналдо е најдобриот стрелец во европскиот клупски фудбал за 21 век кога се гледаат погодоците постигнати со глава. Од 2000 година до почетокот на 2022 година, Роналдо има постигнато дури 110 голови со глава.
Изненадувачки, на второто место на оваа листа е Лук де Јонг кој моментно игра како позајмен играч во Барселона. Холанѓанецот има постигнато 78 погодоци со глава, што е еден повеќе од голгетерот на Баерн Минхен Роберт Левандовски со 77 голови.
На четвртото место е Фернандо Љоренте од Бетис со 75 голови, а Радамел Фалкао кој игра во Рајо Вајекано во овој век постигнал 71 гол. Шестото место моментно е за напаѓачот на Бриж Бас Дост кој има постигнато 64 голови со глава.
Во Топ 10 се наоѓаат уште и Аритз Адуриз со 63 голови, Марио Манџукиќ (60), Един Џеко (59) и Златан Ибрахимовиќ со 58 погодоци постигнати со глава. Во продолжение може да ја видите листата од Топ 20 најдобри стрелци со глава во 21 век.
📊 Les meilleurs buteurs de la tête en club au 21eme siècle pic.twitter.com/dWaGeNPHgT
— PopFoot (@ThePopFoot) January 19, 2022