Вендел Мур е кошаркарот што ноќеска имаше многу среќа и преживеа страотен пад при забивање на топката откако Дејвид Колинс му се подметна и беше главен виновник за ситуацијата што дури можеше и да му го загрози животот на противникот.
Мур, кој игра за познатиот Универзитет Дјук, истрча контра и лесно ќе забиеше ако противникот од Универзитетот Клемсон не му се подместеше.
Падот на Мур изгледаше страотно и сите во салата беа загрижени што се случува со него, но тој покажа дека е цврсто момче и, на радост на сите, го продолжи натпреварот.
David Collins was called for a flagrant 2 for this foul on Wendell Moore Jr.
Moore Jr. was able to remain in the game. pic.twitter.com/m8KFBnWj6V
— SportsCenter (@SportsCenter) February 11, 2022
Колинс доби техничка грешка, а фаулот беше окарактеризиран како намерна лична грешка од втор степен.
Дјук го победи Клемсон убедливо со 82:64.