Летонецот си замина од Вардар, негов нов клуб е Фуксе Берлин

Ракометниот клуб Вардар останува без еден од клучните играчи, летонскиот бек Даинис Криштопанс. Џинот од 215 сантиметри се договори со Фуксе Берлин и до крајот на сезонава ќе го носи дресот на тој клуб, а потоа заминува во Пари Сен Жермен. Од Вардар нема потврда на трансферот, но Фуксе веќе се пофали дека има нов играч во својот состав.

Вардар в сабота во Скопје има меч со Мотор Запорожје и како што стојат работите, нема да го има на располагање Криштопанс. За Фуксе брани ексголманот на Вардар, Дејан Милосављев.

Проблем за Црвено-црните е дека наскоро веројатно ќе си замине и Павел Атман, чија следна дестинација е Спартак Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести