Летонија ѝ застана на патот на Ерменија, пријателски победи за Црна Гора, Грузија и Русија (Видео)

Репрезентацијата на Летонија дури во шестиот натпревар успеа да стигне до првите бодови во квалификациите за Европското првенство откако на домашен терен ја совлада Ерменија со 2-0.

Јанис Икауниекс во 39-тата минута го отвори резултатот, а во 52-рата Марцис Ос доби црвен картон. Сепак, Летонија и со играч помалку успеа да зголеми на 2-0 преку Даниел Балодис во 68-мата минута и не само да победи, туку и да ги освои првите бодови.

Се чини тука завршуваат надежите на Ерменија за историски пласман на Европско првенство бидејќи со седум бодови заостануваат позади фаворитите Хрватска и Турција, коишто имаат по 10, но и помалку одиграни натпревари.

Интересно беше и на пријателските мечеви кои се играа во терминот од 18 часот. Црна Гора на домашен терен го победи Либан со 3-2, додека најубедливата победа ја забележаа репрезентативците на Грузија, кои во Тбилиси немаа милост за Тајланд и победија со 8-0. Победи и репрезентацијата на Русија, и тоа против Камерун со 1-0. Единствениот погодок за Русите беше дело на Федор Чалов во 40-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести