Белград на 24 и на 25 септември ќе биде домаќин на ВТБ Супер купот на кој ќе учествуваат две руски екипи, ЦСКА и Зенит, домаќинот на турнирот, Црвена ѕвезда, како и екипата на Дубаи.
И токму кога станува збор за составот на Дубаи, се јави проблем. Во оваа екипа настапува репрезентативецот на Летонија, Давис Бертанс, кој го информирал раководството дека нема да патува на турнирот бидејќи не сака игра против екипи од агресорски земји, секако, мислејќи на руските екипи.
„Разговарав со тренерот и генералниот менаџер на Дубаи, го изразив своето мислење и тие потполно ме поддржаа. Нема да играм на турнири на кои учествуваат клубови од агресорска држава. Со оглед на тоа кој го организира турнирот и под кое име, не можам да играм, дури и ако се сретнеме со Црвена ѕвезда. Клубот ме поддржа иако тренерот на почетокот не ја гледаше ситуацијата од иста перспектива“, вели Бертанс.