Летоска беше светски првак, а со клубот испадна во втора лига

Францускиот десен бек Бенжамен Павар, летоска со игрите на Светското првенство во Русија, го привлече вниманието на светската јавност, беше незаменлив во првиот тим на селекцијата која стана светски првак, а го даде и еден од најубавите голови на Мундијалот. И покрај интересот од повеќе клубови, најмногу од Баерн Минхен, Павард и оваа сезона остана во Штутгарт.

„Швабите“ имаа лоша сезона во Бундеслигата, завршија трети од долу, а капак беше синоќешната елиминација од Унион Берлин во баражот, па така Штутгарт во следната сезона ќе биде второлигаш. Ова е огромно разочарување за сите фанови на Штутгарт, секако и за играчите, меѓу кои и Французинот. После овој дебакл, јасно е дека Павар ќе си замине и најверојатно во следната сезона ќе го носи дресот на германскиот првак Баерн.

Ваков случај на играч кој станал светски првак со националниот тим, а потоа во нредната сезона испаднал, имаше и после Мундијалот во 2002 година. Тогашниот голман Маркос со Бразил освои СП, но неколку месеци подоцна со Палмеирас испадна од елитната бразилска лига. Тогаш Маркос не си замина од Палмеирас, туку во тој клуб остана до крајот на кариерата во 2012 година.

- Оглас -

Најнови вести