Летово беше доведен како големо засилување, а сега клубот сака да го врати назад

Саул Нигез летово беше доведен од страна на екипата на Челзи и важеше за едно од најзвучните засилувања во Премиер лигата.

Шпанскиот играч за врска кој дојде во последните мигови од завршницата на трансфер-периодот беше доведен на позајмица со право на откуп, а целокупната вредност би изнесувала 40 милиони евра.

Но, Нигез досега одигра само два натпревари за Челзи и е надвор од плановите на тренерот Томас Тухел, додека клубот веќе во јануари сака да го врати назад во Атлетико Мадрид.

Поразителен е фактот дека од Нигез само третиот голман Мартинели има помала минутажа во тимот.

Според информациите од Англија, тој е решен до последен миг да се бори за своето место, иако смета дека тимот кој е актуелен освојувач на Лигата на шампионите му има забиено нож во грбот.

- Оглас -

Најнови вести