Летово ќе има голема чистка во Ливерпул, шестмина играчи на „црната листа“

Ливерпул планира да се раздели со шестмина фудбалери кои сезонава го носеа дресот на тимот кој наскоро треба да ја освои титулата во Премиер лигата. На листата од шестмина играчи се Наби Кејта, Дејан Ловрен, Џердан Шаќири, Марко Грујиќ, Адам Лалана и Дивок Ориги. Најголемо изненадување е најавата дека Јирген Клоп наводно не смета на Кејта бидејќи за него беше платена голема сума за да го донесат од Лајпциг.

Клоп се решил на ваква чистка за да ги намали трошоците за плати на клубот, но и за да се насочи кон привлекување на Адама Траоре и Рубен Невеш од Вулверхемптон. Германецот тврди дека тие двајца би му завршиле голема работа на тимот од „Енфилд“.

- Оглас -

Најнови вести