Летово му истече договорот, а сега потпиша договор вреден 212.500.000 долари

Ѕвездата на Њујорк никс Оџи Ануноби летово остана слободен играч откако му истече договорот, но по одреден период, од Никси решија да му понудат нов договор и тоа фантастичен. Крилниот кошаркар се согласи на нова петогдишна верност со Њујорк и ќе заработи фантастични 212,5 милиони долари.

Ануноби во кариерата играше за Торонто, а во 2023 година потшиша за Њујорк. Како стартер, овој Британец во дресот на Њујорк има просек од 14,1 поени, 4,4 скока и 1,6 асистенции по натпревар. Овие статистички бројки не покажуваат дека крилото заслужува таков неверојатен договор, но факт е дека тој е и одличен дефанзивец, па успеа да добие договор со кој едноставно може да се пофалат многу малку кошаркари.

- Оглас -

Најнови вести