Летово си замина од МЗТ за да игра во Работнички

Репрезентативниот центар Љубомир Младеновски од денеска е нов играч на Работнички. Најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија потпиша со Младеновски, кој летово беше слободен играч. Минатата сезона Младеновски стана првак со МЗТ Скопје Аеродром, клуб во кој се радуваше на пет шампионски титули. Сега предизвикот за високиот играч ќе биде да ја однесе титулата во другиот дел од градот, односно кај црвено-белите од „Градски парк“.

Младеновски инаку е играч кој запона во Работнички во 2012 година, но по една сезона направи трансфер во МЗТ Скопје Аеродром. Меѓу Штрковите остана до 2017 година, а потоа една сезона играше во странство. Илирија во Словенија беше негов предизвик, но по една година, повторно се врати кај МЗТ Скопје Аеродром.

Летово се надеваше дека ќе најде ангажман во странство, но откако пропадна таа опција, сега е дел од тимот на Работнички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести